домаМакедонијаПреку социјални мрежи ѝ се заканувал на поранешната сопруга по нејзиниот и...

Преку социјални мрежи ѝ се заканувал на поранешната сопруга по нејзиниот и животот на семејството, а потоа ја следел и снимал на семејна прослава

- Advertisement -spot_img

Тетовската полиција го задржала 24-годишниот Џ.Ш. од Тетово, откако неговата поранешна сопруга пријавила дека подолг период ѝ упатувал закани преку социјалните мрежи.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, 26-годишната жена пријавила дека заканите биле насочени кон нејзиниот живот, но и кон животот на членовите на нејзиното семејство.

Таа дополнително пријавила дека на 6 август околу 21 часот, за време на семејна прослава во угостителски објект, поранешниот сопруг ја следел и ја снимал.

На 9 август во 17:25 часот, Џ.Ш. сам се пријавил во СВР Тетово, по што бил задржан во полициска станица за понатамошна постапка.

Од МВР информираат дека по целосното документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img