домаМакедонијаВо понеделник започнува третото прскање против комарци

Во понеделник започнува третото прскање против комарци

- Advertisement -spot_img

Третото авионско прскање против комарци за оваа година во Општина Велес ќе се изврши на 10 август 2026 година, во раните утрински часови. Од Општина Велес информираат дека доколку временските услови не дозволат реализација на третманот, прскањето ќе биде извршено првиот нареден ден со поволни временски услови.

Со третирањето ќе биде опфатено целото градско и приградско подрачје, како и течението на реката Вардар на предвидениот потег. Границата на подрачјето за третирање го опфаќа Езерото Младост, селото Отовица и месноста Јарбош, а по течението на Вардар се протега од север, од Башино Село, низ Велес, до вливот на реката Бабуна и селото Горно Караслари.

На западната страна, границата започнува од населбата Превалец, продолжува преку населбата Керамидна кон фабриката „Киро Ќучук“ и Горно Оризари.

Како и во претходните години, со третманот ќе биде опфатен и рекреативниот центар Езеро Младост со непосредната околина.

Од локалната самоуправа ги известуваат пчеларите навремено да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите во периодот на третирањето.

Авионското прскање ќе се врши со средството AKVA K–OTHRINE 2 EW, биоциден производ на производителот BAYER ENVIRONMENTAL SCIENCE SAS од Франција, кој е одобрен од Министерството за здравство на Република Северна Македонија.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img