Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска се слави денот на Св. Климент Охридски Чудотворец, Светецот кој ги лекувал луѓето, заштитник на Охрид и на целиот македонски народ.
Каде почива главата на Св. Климент Охридски?
Моштите на Св. Климент Охридски, како и на многу други светители не почиваат на едно место. Иако тој се упокоил во Охрид во 916 година, каде е и погребан во црквата Св. Пантелејмон на Плаошник која самиот ја изградил, делови од неговите мошти денес се наоѓаат во многу цркви и манастири надвор од Охрид и Република Македонија.
Главата на светителот почива во манастирот Св. Јован во близина на Верија, Република Грција.
Дел од моштите на Св. Климент ден денес почиваат во Охрид.






