домаХроникаТинејџери се судриле со мопеди во Скопје - тројца повредени, од кои...

Тинејџери се судриле со мопеди во Скопје – тројца повредени, од кои еден тешко

- Advertisement -spot_img

17-годишник од Стајковци се здобил со тешки телесни повреди, а уште две лица се повредени во судир на два мопеда во Скопје.

Несреќата се случила синоќа во 22:15 часот на крстосницата меѓу улиците „Маџари“ и „Финска“.

Според МВР, во судирот учествувале мопед управуван од Н.Х. (18) од Скопје и мопед управуван од 17-годишникот од Стајковци. При несреќата било удрено и паркирано товарно возило „мерцедес“.

Малолетниот возач се здобил со тешки телесни повреди, додека неговиот сопатник и 18-годишниот возач на другиот мопед се здобиле со телесни повреди.

Повредите им биле констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ и во болницата „Св. Наум Охридски“.

Увид извршила екипа на СВР Скопје.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img