домаМакедонијаТетовец продал камион со договор да му исплатат 11.000 евра на рати...

Тетовец продал камион со договор да му исплатат 11.000 евра на рати – останал без возилото и без парите

- Advertisement -spot_img

59-годишен жител на тетовско село пријавил дека бил измамен и дека останал и без товарното возило и без договорените пари.

Случајот вчера бил пријавен во СВР Тетово, а како што информираат од МВР, пријавителот навел дека во април годинава се договорил со С.Б. од скопско да му продаде товарно моторно возило со скопски регистарски ознаки, сопственост на правно лице од Скопје, за сума од 11.000 евра, со договор за етапно плаќање.

До денот на пријавувањето, како што навел, договорената сума не му била исплатена, ниту пак возилото било вратено.

Од МВР информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img