домаМакедонијаНа 18 октомври предвремени избори за градоначалник на Општина Брвеница

На 18 октомври предвремени избори за градоначалник на Општина Брвеница

- Advertisement -spot_img

Претседателот на Собранието Африм Гаши ја потпиша одлуката за распишување на предвремени избори за градоначалник на Општина Брвеница кои ќе се одржат на 18 октомври 2026 година. Предвремените избори следат откако на 23 јуни 2026 година на 58 годишна возраст почина градоначалникот Јовица Илиевски.

„Очекувам од Државната изборна комисија, Општинската изборна комисија на Брвеница и од сите органи задолжени за спроведување на оваа одлука, изборниот процес да го спроведат професионално, непристрасно и со целосно почитување на законот и процедурите. Ги повикувам сите кандидати и политички субјекти изборната кампања да ја водат достоинствено, натпреварувајќи се со програми, идеи и визија за развојот на општината, а не говор што поттикнува поделби или постапки што ја нарушуваат довербата на граѓаните во демократскиот процес“, соопшти собранискиот спикер преку официјално соопштение до јавноста.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img