домаМакедонијаДо 18 часот регистрирани 18 пожари, два сè уште се активни

До 18 часот регистрирани 18 пожари, два сè уште се активни

- Advertisement -spot_img

Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека до 18:00 часот денеска се регистрирани вкупно 18 пожари на отворен простор. Од нив, два сè уште се активни, четири се ставени под контрола, а 12 се целосно изгаснати.

Активни се пожарите во Општина Македонски Брод, кај селото Грешница, на месноста Стојанова Населба, каде што гори ниска вегетација, деградирана шума и грмушки, како и во Општина Струмица, помеѓу селата Ново и Старо Коњарево, каде што е зафатено стрниште.

Под контрола се пожарите кај депонијата во Делчево, во гостиварското село Падалишта, кај селото Долна Белица во Општина Струга и во атарот на селата Блато и Врбјани во Општина Кривогаштани.

Во меѓувреме, изгаснати се 12 пожари во повеќе општини, меѓу кои Босилово, Валандово, Гевгелија, Гостивар, Желино, Брвеница, Гази Баба, Неготино, Сарај, Штип и Чешиново-Облешево. објави Скопје1.мк

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img