Денес пред точно 81 година, Америка го бомбардира јапонскиот град Хирошима со атомска бомба.
Утрото на 6-ти август 1945 година, бомбата, која Американците ја нарекувале Little Boy (мало момче), беше „фрлена“ од авион, а само три дена подоцна, истата судбина го снајде и градот Нагасаки.
Поради бомбардирањето, Јапонија официјално се предаде во Втората светска војна, на 2-ри септември истата година. Но, штетата што ја направија бомбите беше преголема. До крајот на 1945 година во Хирошима починаа од 150.000 до 210.000 луѓе како резултат на бомбардирањето.
Некои загинале веднаш, во експлозијата, но други умирале во агонии од труењето со радијација. Атомската бомба во Хирошима уништила и сериозно оштетила над 60.000 градби, односно две третини од сите градби во градот.






