Делови од општините Гази Баба, Бутел и Кисела Вода денеска привремено ќе останат без електрична енергија поради планирани технички интервенции на мрежата.
Според најавениот распоред, прекините ќе траат од три до четири часа:
Од 06:00 до 10:00 часот без струја ќе бидат корисниците во Колонија Идризово и дел од Јурумлери, во општина Гази Баба.
Од 08:30 до 12:30 часот прекин ќе има во селата Раштак, Љуботен и Љубанци, како и во дел од селото Булачани, во општина Бутел.
Од 09:00 до 12:00 часот без електрична енергија ќе бидат дел од корисниците на улицата „Антон Димитров“ во Драчево, општина Кисела Вода.
Планираните прекини се дел од работите за реконструкција, одржување и модернизација на електродистрибутивната мрежа. Од Електродистрибуција посочуваат дека се можни отстапувања од предвидените термини, зависно од сложеноста на интервенциите и условите на терен.






