домаМакедонијаСерафимовски: Нема повеќе земјоделство што преживува, време е за производство што носи...

Серафимовски: Нема повеќе земјоделство што преживува, време е за производство што носи профит

- Advertisement -spot_img

Македонија мора да произведува повеќе домашна храна и постепено да ја намалува зависноста од увоз, а земјоделската политика повеќе нема да се мери според исплатените субвенции, туку според количината на произведена храна. Ова го истакнува министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Борче Серафимовски во интервју за МИА, нагласувајќи дека храната и водата се прашање на национална безбедност.

Според Серафимовски, државата мора да го напушти досегашниот модел во кој аграрната политика главно се сведуваше на исплата на субвенции и интервенирање откако ќе се појават проблемите.

-Не ни е потребно земјоделство што опстојува од сезона до сезона, туку производство што расте, создава приходи и обезбедува храна за државата- вели министерот.

Тој нагласува дека субвенциите ќе останат важен инструмент за поддршка, но нивната цел ќе биде да поттикнат повисоки приноси, подобар квалитет, пониски производствени трошоци и поголема конкурентност на домашното производство.

Серафимовски открива дека аплицирањето за субвенциите за 2026 година веќе е започнато, а измените на Програмата за финансиска поддршка се во завршна фаза. По нивното усвојување ќе започнат и исплатите, за кои земјоделците навремено ќе бидат информирани. Осврнувајќи се на актуелната жетва, министерот оценува дека годинашната пченица е со добар квалитет и засега нема потреба од интервенција преку Агенцијата за стоковни резерви. Сепак, како што наведува, Министерството внимателно ги следи откупот, количините и движењето на цените и е подготвено да реагира доколку тоа го наложат пазарните услови.

Во однос на состојбата со овчите сипаници, Серафимовски вели дека болеста претставува сериозен предизвик, но апелира и до самите одгледувачи строго да ги почитуваат мерките за биосигурност.

Според него, досега се регистрирани 36 жаришта на болеста, а повеќе од 3.300 животни се евтаназирани во рамки на мерките за спречување на ширењето на заразата. Министерот посочува дека засега не е донесена одлука за масовна вакцинација, бидејќи таа ќе зависи од проценките на домашните и европските експерти.

Серафимовски најавува и продолжување на реформите во аграрниот сектор преку нов Закон за земјоделство и рурален развој, нови ИПАРД мерки и поголем фокус на модернизацијата, дигитализацијата и воведувањето современи технологии во производството. Тој додава дека крајната цел е македонското земјоделство да стане поконкурентно, со повисоки приноси, сигурен пласман и поголеми приходи за земјоделците, а државата да обезбеди поголема самодоволност во производството на храна.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img