Три нови државни обврзници во вкупна вредност од 2,523 милијарди денари, односно 41 милион евра, издаде Министерството за финансии на 30 јули година. Од денес котираат на официјалниот пазар на Македонска берза. На потенцијалните кредитори им носат различни каматни стапки од над четири до над пет насто.
Најголемата емисија од 2,024 милијарди денари (32,9 милиони евра) ја сочинуваат 202.370 долгорочни државни обврзници без девизна клаузула. Рокот на достасување е 30 јули 2041 година, а стапката е фиксни 5,20 проценти.
Покрај нив, на Берзата ќе се тргува и со 37.676 државни обврзници со девизна клаузула во вредност од 376,8 милиони денари (6,1 милион евра), исто така со рок на достасување до 2041 година, но со каматна стапка од 5 проценти.
Во котацијата е вклучена и трета емисија – 12.321 државна обврзница без девизна клаузула во вредност од 123,2 милиони денари (околу 2 милиони евра). За наплата ќе стигне на 30 јули 2029 година со камата од 4,35 проценти.






