домаМакедонијаДоктор во Тетово им издал медицински извештаи на петмина измамници дека се...

Доктор во Тетово им издал медицински извештаи на петмина измамници дека се повредиле во сообраќајка, во која тие воопшто не учествувале

- Advertisement -spot_img

Наездата измами со лажни сообраќајни незгоди во Тетово, со цел да се изнудат пари од осигурителните компании не стивнуваат и две години откако „Слободен печат“ за првпат пишуваше за оваа чудна практика во градот. Тоа го открива најновата судска пресуда со признание на вина, во која имаше увид нашата редакција.

Основниот суд Тетово прогласи за виновни шестмина измамници од овој град зашто довеле во заблуда полицајци и доктор во болницата во Тетово – им се појавиле лажејќи дека се повредени во сообраќајка, па дури добиле и медицински извештај за „телесните повреди“ од доктор во болницата, се со цел да ја приложат таквата лажна медицинска документација пред осигурителни компании и да земат отштета.

Од шесте лица што се осудени за измама, сообраќајка имал само првиот, а петмина по негов налог лажеле дека и тие биле во возилото, открива пресудата. Првообвинетиот ги „учел“ да одат во болница и во полиција и да глумат повредени.

Виновни се зашто со намера за себе да прибават противправна имотна корист со лажно прикажување факти, ги довеле во заблуда полициските службеници во СВР Тетово и дежурниот лекар во Клиничка болница Тетово. Тоа го сториле на начин што по претходно добиени совети и напатствија од првообвинетиот, се пријавиле на преглед во ургентен центар во ЈЗУ Клиничка болница Тетово поради наводни телесни повреди настанати во сообраќајка случена истиот ден, во која учествувал само првообвинетиот. Потоа од страна на дежурниот лекар им биле издадени медицински извештаи кои имале намера да ги искористат пред осигурителните компании, за надомест на нематеријална штета, пишува во пресудата.

Како што откри „Слободен печат“ пред две години – до тој период околу 50 лица од Тетово со признание на вина се осудени за измама кон осигурителни компании преку повреди во сообраќајки кои ги немале. Истражувањето на „Слободен печат“ откри дека заедничко за сите нив е тоа што отштетните побарувања кон осигурителните компании биле врз основа на медицински извештаи со невистинита содржина, испечатени од една адреса – ЈЗУ Клиничка болница Тетово.

Дел од сообраќајките навистина се случувале, но покрај оние што навистина биле во автомобилите и кои навистина имале скршеници и тешки телесни повреди, имало и придодадени луѓе, чија основна цел била да се преправаат дека биле во сообраќајките, да добијат лажни лекарски уверенија од Клиничка болница Тетово (што и се случувало), па потоа со таквата лажна медицинска документација да бараат отштета од осигурителните фирми.

Токму осигурителните друштва биле иницијатори да им бидат вратени паричните средства, затоа што забележувале чудни ситуации – преголем број повредени лица во „лесни“ сообраќајки. До 2024 година според доброупатени извори со кои разговараше „Слободен печат“ во тетовското јавно обвинителство, со признание на вина вратени се околу 5 милиони денари во касите на осигурителните фирми а има и тековни предмети со ист модус операнди.

Лекарските извештаи се со различна содржина,но најчеста е дијагнозата S00, за луѓе што најверојатно само ги позајмувале своите лични податоци во шемата за извлекување на пари преку измами.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img