домаМакедонијаПлатформата за родова еднаквост бара независна истрага за смртта на младата родилка...

Платформата за родова еднаквост бара независна истрага за смртта на младата родилка од Струмичко

- Advertisement -spot_img

Платформата за родова еднаквост соопшти дека со внимание го следи случајот со 19-годишната Станка Михајлова, која по породување со царски рез се соочува со сериозни здравствени последици и моментално е во инвалидска количка и бара надлежните институции да обезбедат целосно независна, транспарентна и темелна стручна постапка за утврдување на сите околности поврзани со случајот.

Тие апелираат до сите вклучени институции и здравствени работници да обезбедат почитување на достоинството, правата и безбедноста на пациентката во текот на целиот процес и младата мајка да не биде изложена на било каков притисок, заплашување или влијание при давањето изјави и споделувањето на своите искуства.

Платформата за родова еднаквост верува дека секоја жена има право на безбедна здравствена грижа,за време на бременоста и породувањето, како и почитување на нејзините права и пристап до правда и вистина.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img