домаМакедонијаЕвростат: Со минималец во Македонија може да се купи повеќе отколу во...

Евростат: Со минималец во Македонија може да се купи повеќе отколу во Србија и Црна Гора

- Advertisement -spot_img

Според најновите податоци од Евростат, мерено според куповната моќ, вредноста на бруто минималната плата во Македонија во јули 2026 година е повисока во споредба со седум земји членки на ЕУ, таа е повисока од сите земји од Западен Балкан и од Турција.

Меѓу 27-те земји, Македонија се наоѓа на 16-то место на листата. Рангирањето е врз основа на стандардот на куповната моќ, односно врз основа на замислена валута ППС и теоретски со еден ППС може да се купи иста количина на стока во секоја земја.

Пресметката за Македонија покажува 1.142 ППС. Тоа е повисок „минималец“ отколку во Србија која е веднаш зад неа со 1.094 ППС, Црна Гора со 1.014 и Албанија со 705 ППС, која всушност е и на последното место. На првата позиција се наоѓа Германија со 2.164 ППС, а зад неа е Луксембург со 2.108.

Гувернерот Трајко Славески на Икс-платформата ги сподели најновите резултати за минималната плата според куповната моќ и прокоментира дека кога тој тоа го тврдел бил подложен на јавен линч.

„Чекајте малку — нели ова го кажав уште во јуни минатата година? На јавниот линч за говорење на вистината одговорив со висок капацитет за апсорпција на омраза“, прокоментира Славески.

Евростат ги објави и минималните плати за втората половина од 2026 година онака како што се во пооделни земји (не во куповна моќ). Според тие податоци, со бруто-минимална плата од 624 евра, Македонија е зад Србија каде бруто „минималецот“ е 743 евра, а во Црна Гора е 670 евра. Во оваа табела, меѓу 29 земји, Македонија е на 24. место. На прво мето е Луксембург со 2.771 евра бруто-минимална плата, а на последно е Украина со 169.

Евроњуз коментира дека само осум од 29 европски земји ја зголемиле својата бруто минимална плата помеѓу јануари и јули 2026 година, додека потрошувачката инфлација во еврозоната изнесувала 3,2 проценти во истиот шестмесечен период.

Рангирањето врз основа на стандардите за куповна моќ (ППС) значително се разликува од она што се базира на номинални услови во неколку земји. Јазот меѓу земјите е исто така помал.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img