домаМакедонијаЗголемен бројот на интервенции на итната медицинска помош

Зголемен бројот на интервенции на итната медицинска помош

- Advertisement -spot_img

Високите температури и топлотниот бран кој ја зафати Македонија го зголеми бројот на интервенции на Итната медицинска помош. Телефонските повици не стивнуваат дури и за време на продолжениот викенд кога се очекува во најголем дел од времето граѓаните да ги почитуваат препораките на лекарите.

-Специфично е тоа што бројот на итни интервенции се покачени.Што значи тоа дека луѓе на кои навистина им треба итна помош се јавуваат на нашите броеви. Колапсите се на прво место, значително е тоа што овој период имаме зголемен број на сообраќајни незгоди со возила и со моторцикли, доста сообраќајни незгоди со мотори. Сето тоа е како резултат на покачените температури и неприлагодување на самата температура.

Во однос на возрасната група каде има најголем број интервенции ?

Специфично е тоа што бројот на итни интервенции се покачени.Што значи тоа дека луѓе на кои навистина им треба итна помош се јавуваат на нашите броеви.
Колапсите се на прво место, значително е тоа што овој период имаме зголемен број на сообраќајни незгоди со возила и со моторцикли, доста сообраќајни незгоди со мотори. Сето тоа е како резултат на покачените температури и неприлагодување на самата температура изјави Маргарита Атанасовска -Трипуносвка.

Топлотниот бран ќе се задржи до крајот на неделата со можни температури над 40 степени.

-Нашето подрачје е под влијание на топла воздушна маса од југ. Времето и во следните денови ќе се задржи сончево и многу топло со дневна температура која особено долж Повардарието ќе надмине наместа и 40 степени. Кон крајот на седмицава и за Скопје и околината се очекува да се достигне 40 и 41 степен. И покрај топлото време од четврток до крајот на седмицава во попладневните часови ќе има услови за локален развој на нестабилна облачност со краткотраен пороен дожд и појава на грмежи, изјавија од УХМР.

Во меѓувреме лекарите со апел до граѓаните да не се излегува доколку не е неопходно во периодот меѓу 11 и 17 часот, во спротивно да бидат адекватно подготвени согласно препораките и особено внимателни во однос на климатизираните простории и надворешната температура.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img