домаМакедонијаЧетворица осомничени за пукањето во гостиварското село Добри Дол

Четворица осомничени за пукањето во гостиварското село Добри Дол

- Advertisement -spot_img

По поднесена кривична пријава од МВР, Основното јавно обвинителство Гостивар поведе постапка против четири лица од селото Добри Дол, општина Врапчиште за кои постои основано сомнение дека учествувале во дејствија на кривично дело – Предизвикување општа опасност.

Осомничените, на 31 јули вечерта, во дворно место од семејна куќа во селото, на свадбена прослава, употребиле огнено оружје и тоа три пиштоли и една пушка од непозната марка и калибар со кои пукале во воздух и со тоа ги довеле во опасност животите на поголем број присутни на свадбената прослава.

– Бидејќи постојат околности кои укажуваат на опасност од бегство на секој од осомничените, а едниот од нив покрај македонско има и словенечко државјанство, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка во Гостивар достави предлог за определување мерка притвор за осомничените, изјавија од Обвинителството.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img