Шест лица се приведени, а едно е повикано на разговор, од страна на полициски службеници од СВР Тетово во врска со објавеното видео на социјалните мрежи за пукање на семејна веселба во Добридол, гостиварско.
При претресите се пронајдени и одземени оружје и муниција.
Сите лица се приведени во полициска станица за натамошна постапка и по целосно документирање на случаите, против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави…






