домаМакедонијаСДСМ: Ако претседателката верува во тоа што го кажа, нека му го...

СДСМ: Ако претседателката верува во тоа што го кажа, нека му го каже и на Мицкоски

- Advertisement -spot_img

СДСМ преку соопштение реагира на денешната изјава на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, оценувајќи дека пораките за младите, надворешната политика и националното помирување треба да му бидат упатени на премиерот Христијан Мицкоски.

Од партијата наведуваат дека, доколку претседателката навистина стои зад своите ставови, треба директно да му ги пренесе на својот, како што велат, „партиски колега“.

Во однос на младите, СДСМ тврди дека нивното иселување е последица на криминалот, корупцијата и изолацијата што, според партијата, ја создала актуелната власт.

Во делот за надворешната политика, од СДСМ оценуваат дека пораките за чекање на европската интеграција и оддалечувањето од Европската Унија не претставуваат мудра политика, туку, како што наведуваат, политика на блокада.

Партијата се осврнува и на повиците за национално помирување, тврдејќи дека тоа не може да се гради со навредлива политичка реторика, поделби во јавноста и медиумите, како и со, според нив, антиевропски политики.

„Ако претседателката навистина мисли што рече денеска – нека му го каже тоа на Мицкоски. Тоа би значело нешто не само за младите, туку за сите граѓани кои сакаат подобра иднина во сопствената татковина“, се наведува во соопштението на СДСМ.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img