домаМакедонијаСтрумичките пожарникари спасија мајка и дете од провалија кај манастирот „Св. Илија“

Струмичките пожарникари спасија мајка и дете од провалија кај манастирот „Св. Илија“

- Advertisement -spot_img

Брза и координирана интервенција на струмичките пожарникари утринава спаси мајка и дете кои паднале во провалија покрај трим-патеката што води кон манастирот „Св. Илија“, во близина на Струмица.

Од Територијалната противпожарна единица Струмица информираа дека повикот за интервенција бил примен околу 5:15 часот, по што на местото веднаш бил испратен тим пожарникари-спасители.

Со употреба на специјализирана спасувачка опрема, екипата успеала безбедно да ги извлече мајката и детето од непристапниот терен, по што тие биле предадени на екипа на Итната медицинска помош за преглед и понатамошно згрижување. Засега не се соопштени информации за нивната здравствена состојба.

Од ТППЕ Струмица оценуваат дека благодарение на навремената и професионална реакција на спасувачките екипи, акцијата завршила успешно.

По интервенцијата, пожарникарите упатија апел до граѓаните кои ги користат планинските и рекреативните патеки да бидат особено внимателни при движење по стрмни и непристапни делови од теренот, особено во раните утрински и вечерните часови.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img