домаМакедонијаОбвинетиот бизнисмен Борче Марковски се вратил во Македонија, тврди неговиот адвокат

Обвинетиот бизнисмен Борче Марковски се вратил во Македонија, тврди неговиот адвокат

- Advertisement -spot_img

Битолскиот бизнисмен Борче Марковски, кој е обвинет за злоупотреба на тендери во РЕК „Битола“, се врати во Македонија, изјави за ТВ 24 неговиот адвокат Марјан Николоски.

Николоски тврди патувањето било неопходно.

На премиерот Христијан Мицкоски кој најави истрага за ова, адвокатот му порача дека се е законско во случајот.

Пред три дена медиумите објавија дека бизнисменот, кому Основниот суд во Струга му го врати пасошот откако приложил гаранција од пет милиони евра, ја напуштил Македонија и преку граничниот премин „Табановце“ влегол во Србија.

Марковски, кој е и почесен конзул на Белорусија во Македонија, поседува компании и друг имот во Србија.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img