На 31 јули 2026 година, во 07:30 часот, во СВР Охрид приведени се 42-годишно лице од струшкото село Калишта, 45-годишна жена од Лесковац, Република Србија и уште една 30-годишна жена од Крушевац, Република Србија, по претходна пријава дека пред угостителски објект во Охрид, во алкохолизирана состојба го нарушиле јавниот ред и мир.
– Од преземените мерки, констатирано е дека помеѓу двете српски државјанки се случила физичка пресметка по што, лицето од Калишта физички нападнало една од жените. По извршено алкотестирање, кај двете констатирани се 2,21 односно 2,18 додека кај лицето од Калишта биле регистрирани 1,52 промили алкохол во крвта. По целосно документирање на настанот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од МВР.






