Владата донесе одлука за прогласување кризна состојба на целата територија на Македонија поради зголемениот ризик од пожари на отворен простор и шумски пожари.
Кризната состојба ќе трае 30 дена, почнувајќи од 1 август 2026 година, со цел да се овозможи побрзо и покоординирано справување со пожарите и мобилизација на сите расположливи ресурси за заштита на граѓаните, имотот и природните богатства.
Со одлуката се активира Главниот штаб при Центарот за управување со кризи, кој ќе заседава во континуитет и во рок од 24 часа треба да изготви акциски план за превенција и справување со пожарите.
Владата ги задолжи сите органи на државната управа да ги стават на располагање своите човечки, технички и материјални капацитети и да постапуваат согласно прописите за управување со кризи, со цел навремена и ефикасна реакција на терен.






