домаРегионОва е лицето кое е осомничено дека ја убило и ставило во...

Ова е лицето кое е осомничено дека ја убило и ставило во куфер 27 годишната Људмила

- Advertisement -spot_img

Турски државјанин на возраст од 25 години е уапсен под сомнение дека ја убил 28-годишната Русинка Људмила Туркова Константиновна, чие тело беше пронајдено во куфер фрлен во канал кај Падинска Скела, во близина на Белград.

Според српските медиуми, осомничениот, идентификуван со иницијалите К.Е., бил приведен на аеродромот „Никола Тесла“ непосредно пред да ја напушти Србија.

Истрагата покажала дека тој престојувал во изнајмен стан во населбата Борча заедно со жртвата. Се сомничи дека ја убил на 26 јули, а потоа нејзиното тело го ставил во куфер и го фрлил во каналот Визељ кај Падинска Скела.

Телото беше пронајдено по интензивна полициска потрага, во која учествувало и службено полициско куче.

Засега не се соопштени повеќе детали за мотивот на злосторството, а истрагата за случајот продолжува.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img