Во јуни 2026 година, просечната каматна стапка на вкупните кредити изнесува 4,67% и е намалена на месечна и на годишна основа за 0,02 п.п. и 0,36 п.п., соодветно, соопштија од Народна банка.
Просечната каматна стапка на вкупните депозити се задржа на нивото од претходниот месец и изнесува 2,17%. На годишна основа, просечната каматна стапка на вкупните депозити е пониска за 0,03 п.п.
Просечната каматна стапка на новоодобрените кредити, во јуни, изнесува 4,38% и бележи месечно и годишно намалување од 0,04 п.п., соодветно. Просечната каматна стапка на новопримените депозити оствари месечно и годишно зголемување од 0,33 п.п. и 0,19 п.п., соодветно и изнесува 2,54%, стои во соопштението.






