домаМакедонијаМакедонија и Бугарија ја интензивираат соработката за Коридор 8

Македонија и Бугарија ја интензивираат соработката за Коридор 8

- Advertisement -spot_img

Во Софија денеска се одржа првиот состанок на заедничката работна група на Македонија и Бугарија, посветен на подготовката и реализацијата на прекуграничниот железнички тунел на Коридор 8 – еден од клучните инфраструктурни проекти за поврзување на двете земји.

Со состанокот претседаваа заменик-министерката за транспорт на Македонија, Калтрина Зеколи Шаќири, и заменик-министерката за транспорт на Бугарија, Цвета Тимева, во согласност со претходно потпишаниот договор.

Во македонската делегација учествуваа претставници од Министерството за транспорт, Министерството за надворешни работи, Министерството за внатрешни работи, Министерството за одбрана, Министерството за животна средина и просторно планирање, Јавното претпријатие за железничка инфраструктура и Железници Транспорт АД – Скопје.

Зеколи Шаќири истакна дека прекуграничниот железнички тунел е проект од стратешко регионално значење, кој ќе овозможи подобра железничка поврзаност меѓу Македонија и Бугарија, побрз транспорт на патници и стока, како и поголема економска соработка.

На состанокот беа разгледани клучните активности за подготовка и изградба на тунелот, при што двете страни ја потврдија заложбата за интензивна координација и соработка во сите фази од реализацијата.

Постигната е согласност за утврдување јасна динамика на активностите, распределба на конкретни обврски меѓу надлежните институции и продолжување на техничките подготовки. Работната група ги дефинираше и следните чекори за обезбедување финансиска поддршка и понатамошна техничка координација.

Претставниците на двете земји ја нагласија важноста на Коридор 8 како еден од клучните европски транспортни коридори и ја истакнаа поддршката од Европската комисија за неговата реализација.

Следниот состанок на заедничката работна група ќе се одржи во Скопје, каде ќе се направи пресек на досегашните активности и ќе се договорат наредните чекори за реализација на проектот.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img