домаМакедонијаПолицијата на помош на две млади девојки кои со SUP даски не...

Полицијата на помош на две млади девојки кои со SUP даски не можеле да се вратат на брегот по нагло влошување на временските услови

- Advertisement -spot_img

Синоќа, во 19:55 часот во Полициската станица за граничен надзор Охридско Езеро било пријавено дека две лица кои со SUP даски пловеле во водите на Охридското Езеро на околу 1.000 метри од езерскиот брег, наспроти авто камп во Охрид, со извикување барале помош.

– Полициски службеници од езерската полиција, веднаш се упатени на посочената локација, по што на околу 2.000 метри оддалеченост ги забележале двете лица на даските, кои се обидувале да го одржат пловењето и барале помош. Полициските службеници веднаш пристапиле и презеле мерки за нивно безбедно префрлање на полициските чамци, по што констатирале дека се работи за две девојки од Охрид, на возраст од 18 и 19 години, кои поради нагло влошување на временските услови со силен ветар и големи бранови, со даските се’ повеќе се оддалечувале и не биле во можност да се вратат на брегот. Тие безбедно биле пренесени во просториите на езерската полиција. Со цел зголемена безбедност на вода, СВР Охрид и езерската полиција упатуваат апел до сите капачи и корисници на SUP даски или педалинки да не се оддалечуваат од означените безбедносни зони и да ги почитуваат безбедносните мерки, информираат од СВР Охрид.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img