Според податоците со кои располага Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, утрово во 07 часот и 52 минути беше почувствуван земјотрес чиј епицентар потекнува од Р. Албанија, на околу 144 км југозападно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда, ML4.0.
Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван од жителите на градот Струга и околината, со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.






