домаМакедонијаАлмир Даути в.д директор на ЈП Комуналец во Гостивар

Алмир Даути в.д директор на ЈП Комуналец во Гостивар

- Advertisement -spot_img

Алмир Даути е назначен за в.д. директор на ЈП „Комуналец“ – Гостивар, соопшти градоначалникот Ваљбон Лимани.

Лимани изјави дека назначувањето било неопходно за претпријатието непречено да продолжи со работа, имајќи ги предвид неговите секојдневни обврски.

Даути е дипломиран економист и повеќе од 15 години е вработен во „Комуналец“, а последните седум години раководи со Одделението за комерција.

Тој доаѓа на местото на досегашната директорка, која беше уапсена на 21 јули и ѝ е одреден притвор. Таа, заедно со уште двајца раководители од претпријатието, е осомничена во истрагата за загадувањето на водата во Гостивар, кое доведе до епидемија на ентероколитис.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img