Човечки череп е пронајден во близина на Подгоречкото Езеро, во атарот на селото Лабуништа, недалеку од македонско-албанската граница, соопшти СВР Охрид.
Според информациите од полицијата, черепот бил регистриран на 25 јули од полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Лабуништа. Покрај черепот, на местото биле пронајдени и други предмети.
По извршениот увид, во координација со надлежните институции се преземаат мерки за утврдување на идентитетот на лицето и за целосно расчистување на случајот.
Засега не се соопштуваат повеќе детали за околностите под кои биле пронајдени човечките останки.






