домаМакедонијаЗаврши штрајкот на грчките цариници на премините кон Македонија

Заврши штрајкот на грчките цариници на премините кон Македонија

- Advertisement -spot_img

Грчките цариници денес штрајкуваа од пет до девет часот. Иако штрајкот е завршен, се формирани големи толпи, па затоа е потребно трпение од сите во близина на граничните премини меѓу Македонија и Грција. Големи гужви утрово се забележани на трите премини Богородица (Евзони), Дојран (Дојрани) и Меџитлија (Ники).

За време на четиричасовниот штрајк, границите не беа целосно затворени, но сообраќајот се одвиваше во режим на повремено поминување на возила. На секои десет минути поминуваа неколку автомобили и автобус, по што премините повторно ќе бидат затворени десет до петнаесет минути.

Поради големиот број на туристи кои одат кон Грција, се оечкуваат гужви на граничните премини и во следните неколку недели. Дополнителни гужви беа забележани и на бугарско-грчката граница, со оглед дека голем број туристи, особено од Србија, се решија да одат на тој премин поради штрајкот на цариниците.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img