домаМакедонијаВодата во Скопје е безбедна за пиење

Водата во Скопје е безбедна за пиење

- Advertisement -spot_img

Граѓаните на Скопје пијат потполно технички и микробиолошки исправна вода, соопштија утрово од Секторот за санитарна контрола при ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје. Најновите лабораториски мерења реализирани изминатава недела на десетици мерни точки ширум главниот град потврдуваат дека сите параметри се во рамките на дозволените граници.

Од ова јавно претпријатие редовно го објавуваат неделниот извештај за безбедноста на водата за пиење со цел целосна транспарентност пред јавноста.

Примероците беа земени од голем број локации во текот на работната недела, со цел да се направи детална проверка на физичко-хемискиот и микробиолошкиот состав.

Од јавното претпријатие ги објавија точните бројки за обемот на спроведените тестирања:

„Секторот за санитарна контрола во периодот од 20 до 24 јули зема 195 примероци за физичко-хемиска и 195 примероци за микробиолошка анализа на вода за пиење од 45 мерни места во Градот Скопје“, информираа од јавното претпријатие.“

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img