домаХроникаБегалец од прилепскиот затвор бил фатен по кражба во маркет

Бегалец од прилепскиот затвор бил фатен по кражба во маркет

- Advertisement -spot_img

Полициски службеници од СВР Битола привеле две лица осомничени за тешка кражба во маркет, при што било откриено дека едниот од нив се барал со потерница поради бегство од Казнено-поправната установа „Затвор Прилеп“.

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека на 24 јули биле лишени од слобода 35-годишниот Ѓ.З. и 29-годишниот А.Ј., двајцата од Битола, поради сомнение дека истиот ден извршиле тешка кражба во маркет на улицата „Север-југ“.

При претрес во објектот што го користеле осомничените, полицијата пронашла околу 30 штеки цигари за кои постои сомнение дека биле одземени од маркетот.

При дополнителните проверки било утврдено дека Ѓ.З. бил баран со потерница поради бегство од прилепскиот затвор, каде што издржувал казна затвор во траење од осум месеци.

По приведувањето, тој бил спроведен назад во Казнено-поправната установа „Затвор Прилеп“.

Од МВР соопштија дека по целосното документирање на случајот против двајцата осомничени ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img