Вчера во Битола, полициски службеници од СВР Битола ги лишиле од слобода Ѓ.З.(35) и А.Ј.(29), двајцата од Битола.
Како што информираат од МВР, тие се сомничат дека истиот ден извршиле тешка кражба во маркет на ул.„Север-југ” во Битола, при што украле околу 30 штеки различни цигари.
При претрес во домот, кој го користеле, било пронајдено украденото било вратено на сопственикот.
По дополнително преземени мерки било констатирано дека Ѓ.З. бил баран по потерница поради бегство од Казнено-поправната установа Затвор Прилеп, од каде побегнал и каде што издржувал затворска казна.
„Тој бил спроведен во установата за издржување на казна затвор од осум месеци. По документирање на настанот ќе следуваат соодветни поднесоци“, посочија од МВР.






