домаКултураBeach Film Festival се враќа во Охрид: Пет дена европски филм под...

Beach Film Festival се враќа во Охрид: Пет дена европски филм под отворено небо

- Advertisement -spot_img

Деветтото издание на Beach Film Festival ќе се одржи од 22 до 26 јули во Охрид, претворајќи го градот во летна филмска сцена со проекции под отворено небо на четири различни локации покрај езерото.

Фестивалот и годинава ќе понуди официјална селекција на долгометражни, краткометражни и студентски филмови од повеќе европски земји, како и специјална селекција, детска програма и едукативни содржини. Организаторите остануваат доследни на концептот филмот да биде достапен за сите и да се доживува во уникатен амбиент покрај Охридското Езеро.

Програмата започнува уште на 21 јули со претфестивалска вечер посветена на македонскиот филм на плажата Сараиште. Од 20:30 часот ќе биде прикажан филмот „Железна тврдина“ на Митко Панов, а од 22 часот ќе следува проекција на култниот „Самоуништување“ на Ербил Алтанај, по повод 30 години од неговата премиера. Влезот за оваа програма е бесплатен.

Официјалното отворање е закажано за 22 јули на плажата Славија со проекцијата на филмот „Being Maria“ во режија на Џесика Палид.

Еден од најатрактивните настани ќе биде специјалната проекција на „The Instinct“ на Хуан Албарасин, која на 25 јули ќе се одржи на бродот „Армада“, нудејќи им на посетителите уникатно кино доживување на вода.

Фестивалот ќе биде затворен на 26 јули на плажата Славија со проекцијата на најновиот филм на македонската режисерка Тамара Котевска, „Приказната за Силјан“, додека претходно, во рамките на специјалната селекција, ќе биде прикажан и „Silent Cinema“ на Крсте Господиновски.

Во програмата се вклучени и бројни краткометражни и студентски филмови, меѓу кои „Rituals“ на Филипо Мараско, „Dear Mother“ на Теодор Солин и „Shadows of the Moon“ на Тина Величковиќ.

Годинашното издание носи и специјална програма на современ турски филм, во која ќе бидат прикажани „One of Those Days When Hemme Dies“ на Мурат Фиратоглу и „As We Breathe“ на Сејхмус Алтун. Програмата се реализира со поддршка на Амбасадата на Република Турција во Северна Македонија.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img