25-годишен возач од тетовското село Требош е лишен од слобода откако без возачка дозвола управувал автомобил и предизвикал сообраќајна несреќа на регионалниот пат кон селото.
Несреќата се случила вчеравечер околу 22:00 часот, а во неа учествувале патничко возило „голф“, управувано од С.Г. (25) од с. Требош, и патничко возило „мерцедес“, управувано од Т.С. (80) од село Палатица.
Според информациите од СВР Тетово, С.Г. го управувал возилото без возачка дозвола, со што сторил кривично дело по член 297-а од Кривичниот законик, поради што веднаш бил лишен од слобода.
Во несреќата тешки телесни повреди добиле сопатничките во „мерцедесот“ – Р.С. (77) од с. Палатица и С.И. (49) од Тетово. Со телесни повреди се здобиле и В.И. (46), како и тригодишно дете. Повредите биле констатирани во Клиничката болница во Тетово.
Увид на местото на несреќата извршила екипа на СВР Тетово, а по целосно документирање на случајот против С.Г. ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.






