домаРегионКриза кај јужниот сосед: Странците масовно ја напуштаат Грција, слободни се над...

Криза кај јужниот сосед: Странците масовно ја напуштаат Грција, слободни се над 31.000 работни места

- Advertisement -spot_img

Најновата студија на Центарот за планирање и економски истражувања (КЕПЕ) покажа дека Грција се соочува со сè поизразен недостиг на работна сила, додека бројот на слободни работни места се зголемува, а странските работници, кои со години ги пополнуваа клучните сектори на економијата, продолжуваат да ја напуштаат земјата.

Според истражувањето на КЕПЕ, на крајот од минатата година во грчката економија имало повеќе од 31.000 непополнети работни места, објави „Катимерини“.

Најголем недостиг на работници е забележан во образованието, со околу 6.870 слободни работни места, по што следуваат здравството и социјалната заштита, преработувачката индустрија, како и трговијата на големо и мало.

На годишно ниво, бројот на слободни работни места се зголеми за околу 2.700, што, според проценката на КЕПЕ, би можело да укаже на пресврт на претходниот тренд на опаѓање во 2025 година.

Достапната работна сила исто така се намалува.

Бројот на грчки жители се намали за 12.700 во споредба со претходната година, а истражувањата покажуваат дека ова намалување речиси целосно се должи на заминувањето на странски државјани.

Податоците исто така покажаа дека во 2008 година, странците сочинувале шест проценти од вкупното население на Грција, односно 8,2 проценти од работната сила и вработените.

Денес, нивниот удел е 2,2 проценти од населението, 2,9 проценти од работната сила и 2,8 проценти од вработените, додека вкупниот број на странци се намалил за повеќе од 65 проценти.

Бројот на странски работници се намали за 74.400 лица во споредба со претходната година и сега изнесува околу 97.500, додека бројот на легално вработени странци се намали за 53.000, или 37 проценти.

Спротивно на тоа, вкупната вработеност се зголеми за 73.700 лица само благодарение на домашната работна сила.

Бројот на вработени грчки државјани се зголеми за 126.600, компензирајќи го намалувањето на бројот на странски работници и спречувајќи го целокупниот пад на вработеноста, според КЕПЕ, како што објави Танјуг.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img