домаСветНови правила во ЕУ: Кога патниците имаат право на обештетување до 600...

Нови правила во ЕУ: Кога патниците имаат право на обештетување до 600 евра?

- Advertisement -spot_img

Европската Унија усвои нов пакет правила со кои дополнително ги унапредува правата на патниците во авионскиот сообраќај. Целта е патниците полесно да ги остваруваат своите права, а авиокомпаниите да обезбедат поголема транспарентност и навремена комуникација.

Според новите правила, патниците и понатаму ќе имаат право на парично обештетување од 250 до 600 евра, во зависност од должината на летот и времетраењето на доцнењето. Задржан е прагот од три часа доцнење за најголем дел од летовите, иако претходно се разгледуваше можноста тој да биде зголемен.

Покрај финансискиот надоместок, авиокомпаниите ќе бидат обврзани навремено да ги информираат патниците за нивните права и за постапката за поднесување барање за обештетување.

Во случаи на подолги доцнења, патниците имаат право на бесплатни освежителни пијалаци, оброк, а доколку е потребно и сместување на трошок на авиокомпанијата.

Новите правила предвидуваат и дополнителни поволности, меѓу кои подобра заштита при пропуштени поврзани летови, поголема транспарентност околу цените за багаж и право децата да седат покрај својот придружник без дополнителен надомест.

Со измените, Европската Унија има цел да го забрза процесот на исплата на обештетувањата и да воспостави појасни правила што ќе им овозможат на патниците полесно да ги заштитат своите права кога патувањето не се одвива според планираното.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img