НАТО самит во Анкара…32-те земји – членки на алијансата, ги договараат инвестициите во одбраната, развојот на одбранбената индустрија и помошта за Киев… Во турската престолнина присутна е и македонска делегација…Во услови на зголемени тензии на Блискиот Исток и тековната војна во Украина, претседателката гордана силјановска вели : со политичка мудрост можеме да креираме решенија во служба на мирот и безбедноста
Гордана Сиљановска Давкова: „Повеќе кантијанизам од макијевализам. Денеска би дакала да кажам дека мотото „Посилна Европа – посилно НАТО“ според мене значи дека проширена и обединета Европа е посилна Европа. Но, најсилната Европа е Европа што живее во мир и демократија базирана на принципи и вредности. Тоа е мојата порака. “
За генералниот секретар на алијансата Марк Руте, Европа мора да преземе поголема одговорност за сопствената одбрана…Очекува НАТО повеќе да не се потпира на САД за својата безбедност…
Марк Руте – генерален секретар на НАТО: „Последниот самит во Хаг беше посветен на планирањето и поставувањето цели. Овој самит, е посветен на исполнувањето – на тоа работите да се реализираат. Тоа го правиме затоа што ни е потребно вооружување и затоа што мора да бидеме подготвени да водиме војни, доколку некогаш дојде до тоа, да бидеме толку силни што никој нема да се осмели да не нападне. Затоа треба значително да го зголемиме производството во одбранбената индустрија.“
А додека во Анкара се дискутира иднината на Алијансата, Грција ја обвини Турција дека и се заканува со војна..Киријакос Мицотакис го го обвини домаќинот, дека работи против неговата земја, иако двете држави се членки на НАТО..
Киријакос Мицотакис – премиер на Грција: „Алијансата мора да се базира на основниот принцип на добрососедски односи. Мојата земја продолжува да се соочува со отворена закана со војна од Турција. “
Во Анкара е и американскиот претседател…Доналд Трамп ја искористи можноста повторно да ги критикува земјите-членки за одлуката да останат надвор од конфликтот со Иран… Уште еднаш побара САД да го контролираат Гренланд, барање на кое Данската премиерка експресно му одговори дека не е на продажба..
Доналд Трамп – претседател на САД: „Гренланд не ѝ помага на Данска, ниту пак Данска троши пари за да му помогне на Гренланд. Според мене, Гренланд треба да биде под контрола на САД, а не на Данска.“
Мете Фредриксен – премиерка на Данска: „Се разбира, Гренланд не е на продажба. Се надеваме дека сите сојузници ќе го почитуваат правото на народот на Гренланд на самоопределување. Ние сме суверена држава и очекуваме сите да го почитуваат нашиот територијален интегритет. Подготвени сме да го браниме секој сантиметар од територијата на НАТО.“
А поради критиките кои доаѓаат од Мадрид, Трамп и нареди на американската администрација целосно да ја прекине трговијата со Шпанија..нарекувајќи ја земјата ужасен партнер, побара од
Земјата е единствената членка на НАТО која не се обврза до 2035 година да издвојува пет проценти од бруто-домашниот производ за одбрана…






