домаРегионСвештеник од Скопје по повод 250 години од независноста, се помолил за...

Свештеник од Скопје по повод 250 години од независноста, се помолил за САД и за Трамп

- Advertisement -spot_img

Во црквата „Рождество на Пресвета Богородица“ во Скопје била прочитана посебна молитва за американскиот претседател Доналд Трамп и за Соединетите Американски Држави по повод одбележувањето на 250-годишнината од независноста на САД, пишува порталот „Религија.мк“.

Според пишувањето на порталот, молитвата ја прочитал отец Михаил. За тоа сведочи и објава на Фејсбук од страна на Слаѓана Аврамоска Митрис, активистка на македонската дијаспора во САД.

Таа објави фотографија со отец Михаил и со потпретседателот на Сојузот на стопански комори на Македонија (ССКМ), Орце Симов, направена по богослужбата во храмот, а во натписот над фотографијата, напиша дека била благодарна за посебната молитва и благословот што отец Михаил ги упатил за американскиот претседател Доналд Трамп и за Соединетите Американски Држави по повод Денот на независноста, како и за поддршката од Орце Симов.

Од МПЦ-ОА за „Религија.мк“ посочиле дека не станува збор за редовна практика во сите храмови, туку за самоиницијативна одлука на конкретниот свештеник.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img