Не стивнуваат протестите во Албанија. Нови демонстрации против политиките на Еди Рама. Незадоволството кое почна по контроверзниот проект за луксузен ресорт на албанското крајбежје прерасна во општо незадоволство од работата на владата и високата корупција во земјата.
Албанските медиуми тврдат, демонстрациите се најмасовни досега, со учество на неколку стотици илјади лица, меѓу кои и голем број албанци од дијаспората, решени да го променат пиолитичкиот систем, кој на еден или друг начин, опстојува веќе 35 години.
„Живееме во држава каде корупцијата седи на чело на масата. Во Албанија, се е можно благодарение на корупцијата и ние веќе не го сакаме тоа. Сакаме подобра иднина . Сакаме иднина во која странци нема да можат да дојдат и да ни ја купат земјата.“
„Премногу долго имаме ваква политичка култура, каде премиерот и политичките партии мислат дека можат да прават што сакаат. Дека за нив не важат никакви закони. Тука сум бидејќи сакам крај на оваа макијавелистичка политичка култура , во која стремежот кон моќ и алчноста служат како оправдување за се. “
Најголемо внимание привлече поклонот за роденденот на Еди Рама, кој вчера наполни 62 роденден… Демонстрантите донесоа бетонска торта со натпис „уште 100 години затвор“, украсена со фламинга, кои станаа симбол на протестите, првично започнати против изградбата на луксузно одморалиште …
„Мора да има промена во владата. Не можеме да преговараме со истите луѓе кои владеат повеќе од 3 децении. Потребни се нови луѓе а потоа да почнеме со вистински промени.“
А додека траат протестите во Тирана, Еди Рама им одговори на незадоволните жители дека патриотизмот не е отфрлање на странските инвестиции, туку зголемување на приходите..На противниците им порача да не се надеваат на негова оставка и дека владата има мандат од граѓаните да го доврши процесот на пристапување на Албанија во Европската Унија…
Протести во Албанија се најавени и за денеска пред судот во Тирана каде се чека одлука за дваесетмината приведени во нередите кои се случија пред неколку дена…Организаторите порачуваат дека демонстрациите ќе продолжат се додека нема оставка од владата.






