домаМакедонијаВЛЕН: Македонија прва на Балканот доби најсовремен томографски систем за контрола на...

ВЛЕН: Македонија прва на Балканот доби најсовремен томографски систем за контрола на рачниот багаж

- Advertisement -spot_img

Воздушниот сообраќај во Македонија бележи континуиран напредок преку инвестиции во безбедноста, нови технологии и проширување на мрежата на авиолинии, соопштија од ВЛЕН.

Според партијата, заменик-министерката за транспорт и врски Калтрина Зеколи присуствувала на пуштањето во употреба на нов томографски систем за безбедносна контрола на рачниот багаж на аеродромот. Станува збор за инвестиција вредна еден милион евра, а од ВЛЕН велат дека ова е првиот ваков систем на Балканот, со што Македонија се вбројува меѓу земјите што применуваат најсовремени технологии во областа на авијациската безбедност.

Од ВЛЕН наведуваат дека, покрај технолошката модернизација, во изминатите две години биле отворени 28 нови авионски дестинации. Според нивните очекувања, годинава бројот на патници ќе надмине 3,5 милиони, што, како што оценуваат, е показател за зајакнување на позицијата на Македонија како значајна воздушна транспортна точка во регионот.

„ВЛЕН продолжува да докажува дека успешното владеење се мери со резултати, а не со реторика. Секоја инвестиција што ја зголемува безбедноста, ги подобрува услугите и ги проширува можностите за граѓаните е дел од нашата визија за модерна, развиена и подобро поврзана Македонија со Европа и светот“, се наведува во соопштението.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img