До 14:00 часот денеска се регистрирани вкупно 3 пожари на отворен простор, од кои два се активни, а еден е изгаснат, информираат од Центарот за управување со кризи
Активни пожари има во Општина Гази Баба, кај с. Трубарево, каде гори ниска вегетација и ниска шума и
Општина Липково, кај с. Опаје, каде се зафатени ниска вегетација и жито.
Изгаснат е пожарот во Општина Велес, на ул. „Димко Најдов“, каде горела ниска вегетација.
За заштита од пожари Министерството за земјоделство шумарство и водостопанство донесе уредба со која се забранува влез во шуми од први јули до 31 август, односно шумите можат да се посетуваат само со претходно добиена дозвола.








