домаМакедонијаЗатворите и натаму без вода, кадар и здравствена заштита – алармантен извештај...

Затворите и натаму без вода, кадар и здравствена заштита – алармантен извештај на Народниот правобранител

- Advertisement -spot_img

Нерешено здравствено осигурување за затворениците, недостиг од кадар, проблеми со водоснабдувањето и несоодветни простории во полициските станици се дел од наодите во Годишниот извештај на Народниот правобранител – Национален превентивен механизам за 2025 година.

Во текот на минатата година биле спроведени вкупно 13 посети – четири во полициски станици, пет во казнено-поправни и воспитно-поправни установи, три во центри за мигранти и баратели на азил и една посета, односно состанок во психијатриска установа.

Особено сериозни проблеми биле констатирани во затворот „Идризово“. Здравственото осигурување на осудените лица сè уште не е целосно решено, а установата продолжува да се соочува со одлив на затворски полицајци и друг персонал поради пензионирања, суспензии и откази.

Поради пренатрупаноста било реновирано осмото крило, каде сега се сместуваат по четири до шест лица во една соба. Сепак, во женското одделение и натаму не е решен проблемот со снабдувањето со топла вода.

Во затворот во Куманово Народниот правобранител повторно побара конечно решавање на проблемот со водоснабдувањето. Установата има потреба и од нови вработени, функционални возила и современа опрема за обезбедување.

За затворот од отворен вид во Струга е препорачано, доколку биде претворен во установа за жени, сместувањето да биде организирано според меѓународните стандарди за затворенички.

Во Воспитно-поправниот дом „Волковија“ во Тетово недостига стручен кадар во повеќе сектори. Народниот правобранител побара и подобра координација со Министерството за образование за да се обезбеди непречено образование на децата лишени од слобода.

Контроли биле извршени и во полициските станици во Карпош, Тетово, Гостивар и Чаир. Посетите во Тетово и Гостивар биле спроведени ноќе, кога ризикот од неправилности при приведување и задржување е поголем. Во моментот на посетите немало задржани лица и не биле утврдени индикации за несоодветно постапување.

За Полициската станица Карпош е препорачано итно санирање на просториите за задржување и обезбедување посебна просторија за разговор со деца. Констатирана е и потреба од повеќе униформирани полицајци и редовни обуки.

Реконструираната полициска станица Чаир, која привремено е сместена во комплексот на домот „25 Мај“ во Бутел, не претставува трајно решение. При изградбата на најавениот нов објект треба да се обезбедат одделни простории за распит, задржување, разговор со деца и други минимални безбедносни стандарди.

Извештајот покажува и раст на претставките за постапувањето на затворската полиција. Во 2025 година биле отворени 34 предмети за можна тортура, прекумерна сила или понижувачко постапување, наспроти 25 предмети една година претходно.

Од нив, 27 претставки биле поднесени од затвореници, притвореници или нивни семејства против припадници на затворската полиција. Најмногу поплаки имало за затворите во Штип, Скопје и Идризово.

За најголем дел од испитаните случаи не биле обезбедени доволно докази за утврдување тортура или малтретирање, но во еден предмет биле потврдени повреди на правата на осудено лице.

Народниот правобранител предупредува дека недостигот од кадровски и финансиски ресурси ја ограничува работата на Националниот превентивен механизам. Институцијата од јули 2025 година останала и без избран народен правобранител, што дополнително ги намалило нејзините активности.

Затворите и натаму без вода, кадар и здравствена заштита – алармантен извештај на Народниот правобранител

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img