домаМакедонијаМуцунски: Ужасно сум разочаран од одговорот што дојде од Софија

Муцунски: Ужасно сум разочаран од одговорот што дојде од Софија

- Advertisement -spot_img

Министерот за надворешни работи , Тимчо Муцунски, вели дека изјавата не содржи јасен демант дека документот протекол од бугарското Министерство за надворешни работи и единствениот одговор даден во него е во основа дека патувањето се случило одамна.

„Ужасно сум разочаран од одговорот што дојде од Софија“, рече Муцунски, коментирајќи ја изјавата на бугарското Министерство за надворешни работи во врска со објавувањето на дипломатска нота во врска со патувањето на членовите на потесното семејство на премиерот Христијан Мицкоски во Пампорово на почетокот на годинава.

Муцунски во „Само Интервју“ рече дека изјавата не содржи јасен демант дека документот протекол од бугарското Министерство за надворешни работи и единствениот одговор даден во него е во основа дека патувањето се случило одамна.

„Одговорот во основа беше дека тоа се случило одамна. Тоа не беше ниту целосно демантирање, туку дека инцидентот се случил одамна“, додаде Муцунски.

Министерот вели дека најмалку што очекувал од официјална Софија е осуда на објавувањето на дипломатската нота.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img