домаЗанимливостиШто се случува на нашето тело кога ќе го исфрлиме шеќерот од...

Што се случува на нашето тело кога ќе го исфрлиме шеќерот од исхраната?

- Advertisement -spot_img

Рафинираниот шеќер е наречен „бела смрт“ со добра причина. Тој предизвикува зависност и е главна причина за дебелина, кариес и воспаленија во организмот.

Луѓето кои конзумираат премногу шеќер, често ја прескокнуваат квалитетната храна. На пример, поретко јадат цели житарки, безалкохолните газирани пијалоци го заменуваат млекото, природниот сок и слично.

Кога ќе одлучите да го исфрлите шеќерот, нашето тело доживува трансформација. Веќе по првите неколку дена, нивото на енергија станува стабилно (исчезнуваат оние ненадејни падови на сила). По две недели, кожата станува почиста и посветла, а ризикот од срцеви заболувања се намалува. Желбата за благо брзо исчезнува кога ќе ја замените со свежо овошје.

Исфрлањето на шеќерот од исхраната на само девет дена може да има драматични резултати и да го подобри здравјето, покажала нова студија објавена во угледниот магазин Obesity. Во неа бил исфрлен шеќерот од исхраната на 43 тинејџери, а научниците докажале дека проблемот со шеќерот во исхраната не лежи во бројот на калории, туку во потешкотиите кои ги има телото кога го вари.

Било забележано драматично поправање на нивото кај сите деца во студијата, на сите им се подобри состојбата. Во истражувањето, децата се поттикнувале да јадат дури и повеќе од претходно, а ги увериле дека нивната тежина ќе остане иста. И покрај тоа што не го намалиле бројот на внесени калории, успеале здраво да ја намаат тежината.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img