домаХроникаМалолетник со џип бегал од полицијата низ Тетово, удрил во полициско возило

Малолетник со џип бегал од полицијата низ Тетово, удрил во полициско возило

- Advertisement -spot_img

Тетовската полиција приведе малолетник од тетовското село Порој откако без возачка дозвола управувал џип и се обидел да избега од полициска контрола, при што удрил во службено полициско возило.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, инцидентот се случил во периодот од 03:00 до 04:00 часот на улицата „Ѓоце Стојчевски“ во Тетово. Полициски службеници забележале патничко возило „џип“ со битолски регистарски ознаки кое се движело во спротивна насока.

Откако му бил даден знак да застане, возачот не постапил по наредбата, туку со голема брзина го свртел возилото и почнал да бега низ повеќе тетовски улици.

Во обид да биде запрен, на паркинг простор на улицата „Илинденска“ полициски службеници со службено возило „Шкода Јети“ му го попречиле патот. Малолетникот повторно се обидел да избега, при што удрил во службеното возило.

По извршените проверки било утврдено дека возачот не поседува возачка дозвола. Во присуство на родител и адвокат со него бил извршен службен разговор, а возилото било одземено.

Од СВР Тетово информираат дека по целосно документирање на случајот против малолетникот ќе биде поднесена соодветна пријава.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img