домаРегионХорор во Бугарија поради љубовен триаголник: Три лица пронајдени мртви во Студентски...

Хорор во Бугарија поради љубовен триаголник: Три лица пронајдени мртви во Студентски дом, 15-годишно девојче сведок на морбидното злосторство

- Advertisement -spot_img

Три лица се пронајдени мртви во студентски дом во бугарскиот град Угарчин, јавуваат локалните медиуми. Жртвите во овој трагичен настан се две жени и еден маж.

Според првичните информации, на настанот му претходел жесток конфликт меѓу неколку лица во објектот, кој наводно бил поврзан со нерасчистени лични односи и љубовен триаголник.

Медиумите пренесуваат дека за време на расправијата, маж со криминално досие со нож нападнал возрасна жена и маж кои биле во домот. Двајцата се здобиле со смртоносни повреди на самото место.

Сведок на целиот инцидент било 15-годишно девојче. За да избега од напаѓачот, таа скокнала од терасата на зградата. Податоците од истрагата укажуваат дека девојката немала траги на насилство, туку починала од сериозни повреди здобиени при падот. Според извори на медиумите, таа страдала од епилепсија.

По пријавата, на терен веднаш излегле полициски екипи и медицински лица, при што еден осомничен е уапсен. Локалните служби појаснуваат дека овој студентски дом инаку се користи за сместување на лица во тешки социјални ситуации.

Во моментов не е јасно какви се точните односи меѓу учесниците во фаталниот конфликт.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img