Судот за човекови права во Стразбур смета дека незаконска била аболицијата на поранешниот претседател Ѓорге Иванов, а која се однесуваше на лицата кои ги сомничеше поранешното Специјално јавно обвинителство… Според одлуката која Европскиот суд ја објави денеска, државата имала право да ги поништи помилувањата, бидејќи тие биле донесени без законска основа…
„Европскиот суд за човекови права едногласно пресуди дека: Немало повреда на член 6, став 1 од Европската конвенција за човекови права поради законодавната интервенција со која се дозволи поништување на претседателските помилувања и продолжување на кривичната постапка против подносителите на барањето“, се наведува во одлуката на Судот во Стразбур…
На 12 април 2016 година поранешниот претседател Ѓорге Иванов ослободи од кривично гонење 56 лица… По бурните реакции и протести кои следуваа, во мај беа донесени законски измени кои му овозможија на претседателот да ги поништи претходно дадените помилувања, по што тој ги прогласи за ништовни…








