Норвежаните синоќа обезбедија пласман во втората фаза на СП и тоа знаеја да го прослават на свој начин. По натпреварот следуваше оригинално и воедно препознатливо славје на играчите и навивачите, славје кое го предводеше капитенот Одегард.
Фудбалската треска влезе во сите пори на норвешкото општество, па специфичниот начин на навивање се најде и меѓу парламентарците во норвешкиот Парламент.








