Организираната криминална група ВМРО гордо соопшти дека завршиле првичните разговори за реконструкција на Владата. Исто како да го реконструираат Титаник, а не Влада. Рокот истекол, резултатот го знаеме.
По долги и „конструктивни“ разговори, дојдоа до епохално откритие: ќе сменат неколку министри или ќе направат рокади на ресори.
За да оваа Влада доживее вистинска реконструкција, прво би требало да го реконструираат премиерот.
Затоа што токму тој ја води Владата, исто како што ја води и партијата. Значи – фан-клуб. Како во партијата, така и во Владата.
Реконструкцијата, според нив, ќе донесе „повеќе одговорност, ефикасност и резултати“. Што во превод значи: ќе ги сменат оние што веќе не можат да се бранат и ќе доведат нови кои уште не се истрошени.
ЗНАМ, здружението кое повеќе не постои, сега треба да предложи „нови“ лица. Прашањето е само дали ќе биде Максо, или ќе го рециклираат некој стар што веќе го видовме во друга улога.








